Опис
Зад препознатливиот лик на Фрида Кало стои жена која љубела безрезервно, се борела со сопственото тело, со предавствата и со светот околу себе, а од секоја загуба создавала нешто што ќе ја надживее. Во новата претстава во Драмски театар, Драгана Левенска ја носи Фрида од интимните мигови со Диего Ривера до нејзините најдлабоки падови, страсти и повторни раѓања, во сценски свет исполнет со боја, мексикански дух и нескротлива желба за слобода.
📅 19.10. (понеделник) 🕖 20:00
📍 Драмски театар Скопје
🎟️ Билети 👉 shorturl.at/gqrvG
