Филм

КОНТАКТ

КОНТАКТ

Опис

„Контакт“ е нетипична љубовна приказна за двајца млади луѓе, тотални аутсајдери сосема невклопени во општеството, кои по сплет на околности се поврзуваат и се вљубуваат еден во друг. Јанко, кој е штотуку ослободен од затвор се запознава со Жана, штотуку отпуштена од психијатриска болница. По низа перипетии и меѓусебна недоверба, меѓу нив се раѓа љубов, на која на патот ѝ застануваат родителите на Жана, нудејќи му пари на Јанко за да се изгуби од нејзиниот живот, што тој и го прави. Кога повторно ќе ја побара, Жана е повторно во психијатриската болница, не комуницирајќи со никого, но Јанко успева да ѝ извлече некој збор, што остава надеж за нејзино опоравување. Крајот на филмот останува отворен.

© 2026 Сите Настани