Опис
Што може да тргне наопаку кога Венздеј Адамс ќе се заљуби и ќе реши да ги запознае двете семејства? Практично сè. Една средба на гробишта, неколку внимателно чувани тајни, опасна напивка, семејни пресметки и Фестер со свои, благо речено, експлозивни идеи се доволни вечерта многу брзо да излезе од контрола. На 22 октомври „Фамилијата Адамс“ повторно на сцената на Драмски, во режија и адаптација на Теа Беговска. Билетите се веќе во продажба.
📅 22.10. (четврток) 🕖 20:00
📍 Драмски театар Скопје
🎟️ Билети 👉 shorturl.at/dr9ex
