Концерти

NAST.ROJE LIVE

NAST.ROJE LIVE

Опис

Прв пат во Скопје! nast.roje моментално е најпопуларниот куќен cover бенд во регионот. Го сочинуваат Теодора, Марко и Стефан, тројца музичари од Белград кои ја освоија публиката со препознатлива естетика, уникатен звук и емоција. Нивните настапи не се класични свирки, туку внимателно осмислен аудио-визуелен перформанс во кој музиката се спојува со сценографијата, осветлувањето, костимите и визуелните проекции. На тој начин, nast.roje создаваат атмосфера која стана нивен препознатлив потпис. Досега имаат обработено некои од најпознатите песни на изведувачи како Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Луис, Халид Бешлиќ и Црвена Јабука. Останува да видиме со која нова обработка ќе нè изненадат на нивниот настап во Скопје. Членови на nast.roje се: Теодора, Марко и Стефан

Поврзани објави

© 2026 Сите Настани