Опис
Продолжуваме со четврточните дружења со Кали Камелеон во Public Room, отсега на afterwork, од 17 часот 💃🍹
Овој пат на репертоарот ќе имаме поп-рок нумери, во изведба на:
Кали - вокал;
Предраг Икономовски Педо - гитара;
Дарко Мучев Мучо - бас гитара и
Гоце Стевковски - тапани.
Влез: слободен!
Телефон за резервации: 078 250 554
Потсетник: Во Public Room плаќањето се врши исклучиво со картичка, па нека ви биде при рака.
🎼 "Кали Камелеон" е музички концепт на Калина Велковска Кали, на "живи свирки" кој е директно инспириран од нејзиниот претходен проект наречен "Kaly's music challenge" и дава едно шаренолико звучно искуство преку широката лепеза на музички имиња кои земаат учество и го бојат секој настап со нивниот личен сензибилитет, изведувајќи светски и домашни хитови и со тоа секoја недела се добива производ кој постојано ја менува звучната слика.
