Изложби и саеми

ГРУПНА ИЗЛОЖБА: ЦЕНТАРСКИ УЛИЦИ 4

ГРУПНА ИЗЛОЖБА: ЦЕНТАРСКИ УЛИЦИ 4

Опис

ГРУПНА ИЗЛОЖБА ЦЕНТАРСКИ УЛИЦИ 4 Групната изложба „Центарски Улици 4“ претставува изложба на студентите по ликовна уметност од АУЕ ФОН, инспирирана од атмосферата, луѓето и уметничката енергија создадена за време на целодневниот настан „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“, одржан на 15 април 2026 година на улица Македонија во Скопје. Изложените цртежи се создадени во живо, како непосреден уметнички одговор на случувањата на улицата, каде што уметноста ги поврза граѓаните, студентите и уличните уметници во заедничка прослава на Светскиот ден на уметноста. Делата ја доловуваат динамиката на јавниот простор и ја претвораат улицата во место на креативност, дијалог и слободен израз. Настанот „Центарски улици – Светски ден на уметноста“ е дел од Годишната програма за култура на Општина Центар, а е реализиран од Тим Театрос К. Ве покануваме да ја посетите изложбата и да ги откриете уметничките визии на младите автори, кои преку своите дела го овековечија духот на еден ден посветен на уметноста, градот и неговите улици.

Поврзани објави

© 2026 Сите Настани