Скопски Градски Фестивал - Концерт на Васко Атанасовски и Profundus
Опис
Седмото издание на фестивалот е посветено на музичкиот и културниот дијалог меѓу Македонија и земјите од регионот и ќе се одржи од 18 до 25 септември.
Во фестивалската програма ќе учествуваат уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија.
Програмата ги обединува џезот, класичната музика, современите авторски композиции и музичкото наследство на Балканот.
Сите концерти ќе се одвиваат во Македонската Филхармонија.
ВАСКО АТАНАСОВСКИ И PROFUNDUS
Словенечкиот саксофонист и композитор Васко Атанасовски е еден од најпрепознатливите современи музичари од Словенија, со богата концертна и дискографска кариера на регионалната и европската сцена.
На Скопскиот градски фестивал ќе настапи заедно со ансамблот Profundus, составен од истакнати македонски класични музичари со долгогодишно искуство на домашната и регионалната сцена.
На концертот ќе бидат изведени авторски композиции на Атанасовски, како и дела инспирирани од богатата балканска музичка традиција.
Концертот започнува во 20:00 часот во малата сала на Филхармонија.
Скопски Градски фестивал е поддржан од: Град Скопје, Триглав Осигурување и НЛБ Банка.
Медиумски партнер: Слободен печат
