Концерти

Скопски Градски Фестивал - Концерт на Ѓаконовски и Rushi и Stavridis Trio

Скопски Градски Фестивал - Концерт на Ѓаконовски и Rushi и Stavridis Trio

Опис

Седмото издание на фестивалот е посветено на музичкиот и културниот дијалог меѓу Македонија и земјите од регионот и ќе се одржи од 18 до 25 септември. Во фестивалската програма ќе учествуваат уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија. Програмата ги обединува џезот, класичната музика, современите авторски композиции и музичкото наследство на Балканот. Сите концерти ќе се одвиваат во Македонската Филхармонија. МАРТИН ЃАКОНОВСКИ, GENT RUSHI И THANOS STAVRIDIS Меѓународно афирмираниот македонски контрабасист Мартин Ѓаконовски ќе настапи со албанскиот пијанист и композитор Gent Rushi и грчкиот хармоникаш Thanos Stavridis. Тројцата музичари, преку џезот, етномузиката и медитеранските влијанија, создаваат оригинален музички јазик што ги поврзува различните култури и традиции на Балканот. Нивната соработка е директен пример за вредностите што ги застапува фестивалот: отвореност, културна размена, взаемно почитување и создавање нова уметничка вредност преку регионално поврзување. Концертот започнува во 20:00 часот во малата сала на Филхармонија. Скопски Градски фестивал е поддржан од: Град Скопје, Триглав Осигурување и НЛБ Банка. Медиумски партнер: Слободен печат

© 2026 Сите Настани