Класика, опера и танц

Скопски Градски Фестивал - Концерт на Антонио Илиоски и Јана Лолова

Скопски Градски Фестивал - Концерт на Антонио Илиоски и Јана Лолова

Опис

Седмото издание на фестивалот е посветено на музичкиот и културниот дијалог меѓу Македонија и земјите од регионот и ќе се одржи од 18 до 25 септември. Во фестивалската програма ќе учествуваат уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија. Програмата ги обединува џезот, класичната музика, современите авторски композиции и музичкото наследство на Балканот. Сите концерти ќе се одвиваат во Македонската Филхармонија. АНТОНИО ИЛИОСКИ И ЈАНА ВАСИЛЕВА ЛОЛОВА Македонскиот виолончелист Антонио Илиоски и бугарската пијанистка Јана Василева Лолова го формираат своето сонатно дуо во 2024 година. Нивната соработка ги поврзува македонската и бугарската музичка традиција и претставува пример за тоа како младите уметници преку заедничка работа создаваат нови професионални и културни врски во регионот. Со настапи на повеќе фестивали, дуото спојува младешка енергија, техничка зрелост и современ пристап кон класичната музика. Концертот започнува во 20:00 часот во малата сала на Филхармонија. Скопски Градски фестивал е поддржан од: Град Скопје, Триглав Осигурување и НЛБ Банка. Медиумски партнер: Слободен печат

© 2026 Сите Настани