Изложби и саеми

Од цитат кон толкување

Од цитат кон толкување

Опис

🗓️На 7. септември од 20 часот во Public Room придружете ни се на отворање на изложбата „Од цитат кон толкување“ на Љупчо Јованов - Љубац. „Од цитат кон толкување“ e изложба која не се стреми ниту кон славење ниту кон осуда на одреден историски или идеолошки систем, туку кон размислување за симболите, нивните значења и начинот на кој човекот ги доживува и повторно ги толкува. Пристапот е гностички, но фокусот е насочен кон поединецот — кон човекот во неговата потрага по Слобода, Достоинство и Еднаквост, и кон внатрешната светлина што постојано тежнее кон повторно поврзување со ИЗВОРОТ. Љупчо Јованов, е роден на 28 јануари 1974 година во Скопје. Моментално работи како редовен професор во областите архитектура, урбанизам и дизајн на планирање на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Покрај архитектурата, активно се занимава и со сценографија (за театар и филм), како и со објавување научни и стручни книги од областа на театарот и архитектурата, а автор е и на новели и графички романи. Публикации (автор): Архитектура на сценскиот простор (Факултет за драмски уметности, Скопје) Дневникот на еден убиец (Култура, Скопје) Тотемски жртвувања (Темплум, Скопје) Изложби: 3x3, SK02 - Скопје, 2024 Профанити, SK02 - Скопје, Вестин - Загреб, 2025 Сите светци, SK02 - Скопје, Магаза – Битола, 2026

Поврзани објави

© 2026 Сите Настани