Опис
Секој предмет носи приказна. Продолжи ја.
На 19 и 20 септември, за прв пат во Skopje City Mall, ќе се одржи Циркулариум Fest – фестивал посветен на одржливото живеење, повторната употреба, поправката, пренамената и новите идеи за поодговорно користење на ресурсите.
Едно добро парче не секогаш завршува кај првиот сопственик. Понекогаш продолжува кај некој друг, понекогаш се поправа, а понекогаш добива сосема нова форма. Облека и аксесоари, книги и плочи, аналогни апарати, детска опрема и уште многу предмети можат да добијат нов живот, наместо да станат отпад.
На Циркулариум Fest ќе можеш да пронајдеш нешто старо со нова вредност, да избереш нешто ново но, поинакво, да научиш како да поправиш или пренамениш предмет, но и да запознаеш бизниси, дизајнери и иницијативи кои создаваат поинаку – со реупотребливи, природни и обновливи материјали и ресурси.
📍Skopje City Mall Rooftop
🗓 19 и 20 септември
Сабота: 12.00–22.00
Недела: 12.00–20.00
