Филм

УСТАВ НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

УСТАВ НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

Опис

Вјеко (Глоговац) е професор во средно училиште кој го посветил целиот свој живот на проучувањето на хрватската историја и јазик. Тој живее во простран, но запоставен стан во центарот на Загреб со својот стар татко Хрвоје (91). За време на Втората светска војна, татко му бил усташки офицер во хрватската фашистичка војска, а сега, како тежок инвалид шест години е врзан за креветот. Згора на сè, пред помалку од една година Вељко трагично ја загубил љубовта на својот живот, Бобо, виолончелист. Во недостиг на животна радост и со самоубиствени мисли, единственото нешто во што Вељко ужива се прошетки во доцните ноќни часови. Тој талка низ празниот град, нападно нашминкан и облечен во женска облека. Една вечер група на млади луѓе го претепуваат, уринираат врз него и го оставаат да лежи во несвест на улица. Во болницата, Маја, медицинска сестра која живее во подрумот на зградата во која живее и Вељко, го препознава и се грижи за него. Маја му помага да се врати дома, таа почнува да се грижи не само за него туку и за неговиот неподвижен татко . Вељко се согласува да му помогне на нејзиниот маж, полицаецот Анте, во подготовката на испитот за хрватскиот устав. Анте има тешкотии во учењето, живее живот исполнет со страв дека ќе падне на испитот само поради фактот дека е Србин, иако го сменил роденото име. Започнува приказната за три многу различни луѓе кои живеат во иста зграда и кои, неочекувано и против своја волја, се зависни едни од други. УСТАВ НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА е поднасловен како „љубовен филм за омразата“. Иако доминираше на фестивалот во Пула со четири награди, филмот предизвика големи полемики во хрватската јавност заради горливите теми што ги третира, во прв ред хомосексуалноста, травестијата, национализмот и (нео)усташтвото. Ликот на Вјеко е една од последните улоги на одличниот актер Глоговац, кој почина неколку месеци по премиерата на филмот.

© 2026 Сите Настани