Работа на текст: Групна уредувачка работилница
Опис
🏃♀️Брзај, брзај прваче - пристигна и септемвриската програма!
📕 На ваше барање, на 10.9. ќе имаме втора средба за Алба де Сеспедес и нејзината „Забранета тетратка“. Пријавете се со кратка порака во инбокс или мејл.💌
🛩 Ни доаѓа гостинка од Германија! На 12 и 13 септември ќе се одржат два настани посветени на автофикцијата со авторката Лена Шете - деновиве нетрпеливо го очекуваме нејзиниот роман „Црните дланки на татко ми“ да пристигне од печатница. Промоцијата и работилницата ќе се одржат во Лабораториум (повеќе информации следуваат наскоро).
📝 На 16.9 повторно се дружиме со Ана Тодоровска! Топла препорака ако ви недостасува креативно изразување во секојдневието, а и пријатно дружење со нови луѓе.
🎤 Конечно! Промоција на „Изворите на тоталитаризмот“ од Хана Арент во рамки на годинешното издание на фестивалот Artarea и Крошна.
📗 Кон крајот на месецот, на 23.9., ќе зборуваме за еден фантастичен роман од современата германска писателка Џени Ерпенбек - „Каирос“, добитник на Букер, во издание на издавачката куќа Полица.
⚒️ Последната сабота од месецот (26.9.) е резервирана за работа на текст. Пријавете се за месечната уредувачка работилница со порака по мејл и краток текст (до 10 страници).
Убав, богат септември! Ви посакуваме прекрасен почеток на месецот. 🌞 Се гледаме во книжарница!
