Изложби и саеми

Размена на предмети

Размена на предмети

Опис

Следно се гледаме во @dzepubmkd - ГТЦ, втор кат! 📚📚📚 Овој пат собираме и донации за книги да придонесеме кон создавање на библиотека во Младинскиот центар во Кривогаштани! 21 ОКТОМВРИ од 18.30 до 21.30 Оваа РАЗМЕНА е базирана на економија на подароци и слободно споделување - предметите ги разменуваме слободно, без купување, продавање и замени! 🔸 АКО НОСИШ: одбери до 15 работи, услов е истите да бидат во чиста, уредна и употреблива состојба. 🔸АКО БАРАШ: разгледај и земи си го она што ти треба или ти се допаѓа — без обврска да донесеш нешто за возврат. 🔸 Пиши ни име и категорија во која сакаш да учествуваш во порака, предност имаат сите разменувачи кои можат да останат во текот на поголем дел од настанот. Сите нешта кои нема да се разменат, си ги земате назад. 🔸САКАШ САМО ДА РАЗГЛЕДАШ ИЛИ ДА СЕ ДРУЖИШ? Добредојден/а си! Категории: 👕 Облека / обувки - препорачуваме есенски / зимски 📚 Книги што е време да се преселат (Донациите за библиотеката ќе бидат во посебен дел) 📿 Накит и модни додатоци 🧸 Играчки и друштвени игри 🥣 Кујнски предмети 🏺 Останато (мали предмети за дом и секојдневна употреба) Се гледаме на пиво, кисела вода, кикирики и добра дружба! 🌞 🔸🔸🔸 Овој настан е наменет за да им дадеме нов живот на предметите, да ги размениме ресурсите со кои располагаме, да се спротиставиме на консумеризмот, да ја поттикнеме солидарноста, културата на споделување и духот на заедница, да ја нормализираме идејата дека нештата може да циркулираат, наместо да завршат во отпад. Ги замолуваме сите учесници да ја почитуваат идејата на настанот, предметите да ги користат за лична употреба или за подарок, а доколку некој учесник се обиде да го злоупотреби настанот за препродажба, организаторот го задржува правото да го ограничи или забрани учеството на тоа лице на идни настани.🔸🔸🔸 Ваша, АЗНОТЕКА

Поврзани објави

© 2026 Сите Настани