Театар и стенд-ап

Не се клади на Енглези

Не се клади на Енглези

Опис

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн. Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство. Сашко Коцев на прес-конференцијата рече дека проектот е почнат во 2010 година, со истата актерска екипа, но поради обврски е пролонгиран за септември 2013 година. – Текстот е многу примамлив. Хит е во Белград и Загреб и веќе шест-седум години се игра. Дејството се случува во едно маало, со препознатливи ликови и ситуации. Еден многу важен феномен кај нас е обложувањето, – рече Коцев и додаде дека текстот е напишан на сленг. Микиќ истакна дека насловот е цитат од човек кој се споменува 20 или 30 пати во претставата, со специфичен говор и затоа е изведен насловот. Според Митковски, темата на претставата е карактеристична за постранзициските држави во регионот каде, како што рече, игрите на среќа заземаат доминантно место во животите на голем дел од луѓето и претставуваат единствена надеж за заработка и за подобар живот. – Ова е актерска претстава. Се работи за еден текст кој до максимум може да ги доведе актерските можности. Трите фантастични ролји се работени низ документарна призма, – потенцира режисерот Евтимов. Додаде дека претставата е и за пријателството, за нарушените односи во цивилизацијата, во човештвото. * Актерска екипа * Техничка екипа АКТЕРСКА ЕКИПА Сашко Коцев – Паун Оливер Митковски – Пикси Александар Микиќ – Буле ТЕХНИЧКА ЕКИПА Сценограф: Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak) Костимограф: Ана Данчевска Превод: Александар Микиќ Светло – мајстор: Тон – мајстор: Ненад Трпеновски Инспициент: Никола Кимовски

Поврзани објави

© 2026 Сите Настани