Опис
Сара Кејн ја нарекувала „моја комедија“. Само што ова е комедија во која љубовта се претвора во опсесија, семејството се распаѓа, а еден човек не чувствува речиси ништо додека една жена чувствува премногу. 🔥 На 31 октомври, последната вечер на РУТА, Драмски ја игра „Љубовта на Федра“ во режија на Дино Мустафиќ, радикална современа адаптација што ги спојува нихилизмот, отуѓеноста, деструктивната желба и црниот хумор во еден суров сценски свет.
За Мустафиќ, ова не е приказна за романтична љубов, туку за желбата како сила што нѐ разоткрива, што може да нѐ ослободи, но и да нѐ одведе кон сопственото паѓање. Токму затоа неговата Федра не е далечна митска хероина, туку наша современичка, жена заробена меѓу потребата да сака и неможноста да ја контролира сопствената желба.
Во центарот е Јелена Жугиќ како Федра, а Александар Степанулески го игра Тезеј. Лазар Христов е Хиполит, Ања Митиќ – Строфа, Дениз Абдула – Докторот/Свештеникот, Томислав Давидовски и Марјан Наумов – Маж 1 и 2/Полицаец, а Гордана Ендровска – Жената. Автор на музиката е Влатко Стефановски, а во претставата има и авторска музика од дел од актерската екипа.
Последната вечер на РУТА нема намера да заврши тивко.
🎭 Фестивал РУТА Скопје
📖 Програма 👉 dramski.mk/ruta
🏛️ Драмски театар Скопје
📅 31 октомври (сабота)
🕗 20:00 часот
📍 Драмски театар Скопје
📞 Билетарница 👉 076 43 43 43
🎟️ Билети 👉 shorturl.at/pExNz
🔞 Претставата е наменета за публика над 18 години.
