Опис
Концерт на Сергеј Четковиќ во Охрид
09.08.2026 / 20:00 / Антички театар Охрид По минатогодишниот незаборавен концерт на истата сцена, Сергеј доаѓа со својот бенд, носејќи нова енергија, но и сите оние безвременски хитови што публиката ги пее во еден глас.
Концертот е дел од неговата актуелна турнеја Live Tour 2026 – 5.0, која ветува вечер исполнета со љубов, искрени емоции и музика што допира до срце.
Резервирајте го вашето место навреме и бидете дел од вечер која долго ќе се памети!
*** За понуда за резервација на маса контактирајте не на следниот емаил: [email protected]
