Опис
На 13.08.2026, на Градски стадион „Билјанини Извори“ – Охрид, Никола Тодороски слави голем јубилеј: 15 години стендап кариера со специјално издание на неговото шоу "ОПСТАНОК“.
Вечерта ќе започне со DJ FACE, кој ќе ја подигне атмосферата, а за вашето загревање ќе се погрижи Никола Братучед Сиљаноски.
Специјални гости на вечерта: Тино и Атанас.
Потоа следува час и половина пеколна комедија со Никола Тодороски — вечер полна со смеа, енергија и вистински стендап спектакл под отворено небо.
