КОЈ СИ ТИ? - ПРОМОЦИЈА НА КНИГА И ПРЕМИЕРА НА КРАТОК ФИЛМ

КОЈ СИ ТИ? - ПРОМОЦИЈА НА КНИГА И ПРЕМИЕРА НА КРАТОК ФИЛМ

Опис

„Кој си ти?“ е авторска културна вечер по повод нова книга што ја отвора темата за наследените семејни пораки, личната вредност и љубовта што никогаш не требало да се заслужува. Една од клучните внатрешни пораки што ја носи главниот лик е: „не си вредна за љубов“. Таа порака во приказната се поврзува со потребата да се биде добра, силна и совршена за да се добие љубов. ПЛАНИРАНА ПРОГРАМА: * краток филм инспириран од книгата; * музички настап на Ненад Јованов, оперски пејач; * панел-дискусија со Бојана Стојменовиќ Петровска, психолог, семеен и системски советник; * авторски разговор со публиката; * потпишување и продажба на книгата по настанот. ВАЖНО: Настанот не е терапија, психолошка обука или стручна помош. Тој е јавен културен настан во кој авторската приказна се отвора преку литература, краток филм, музика и разговор, додека стручната перспектива на темата ја носи панел-дискусијата со психолог.

© 2026 Сите Настани