ГОЛЕМ СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ НА ТАМАРА ТОДЕВСКА

ГОЛЕМ СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ НА ТАМАРА ТОДЕВСКА

Опис

На 3 октомври 2026 година, во арена „Борис Трајковски“, публиката ќе има можност да присуствува на големиот солистички концерт на Тамара Тодевска – еден од најзначајните македонски вокали. Овој концерт претставува ексклузивна промоција на новиот албум „КУКЛА ЖИВА“, но и одбележување на 25 години музичка кариера исполнета со бројни хитови, настапи и признанија. Публиката во живо ќе ужива во 11 нови песни, во интерпретација на Тамара и оркестарот предводен од Емин Џијан, како и во најголемите хитови кои ја одбележаа македонската поп-сцена во изминатите децении. Со внимателно осмислена продукција, Тамара Тодевска и нејзиниот тим подготвуваат уникатно аудио-визуелно искуство, кое ќе го претвори овој концерт во еден од највпечатливите музички настани во годината.

© 2026 Сите Настани