Опис
Како и претходните години, и оваа година Фестивалот на нов европски филм BEACH FILM FESTIVAL Охрид ќе креира програма којашто храбро ќе отстапува од конвенционалностите и ќе понуди активности кои би ги задоволиле интересите на сите посетители, без разлика на нивните естетски преференци.
Кино на плажа, градот на охридското езеро под заштита на УНЕСКО и сите негови одлики, кино под ѕвездите итн. се првите асоцијации за Охрид BEACH FILM FESTIVAL, идентично како што киното на плажа, канските палми и песочните плажи се првата асоцијација за Канскиот Филмски Фестивал.
Идејата зад фестивалот е надминување на сите институционални преси и урбани бариери, нудејќи разновидни богати програми кои се случуваат во неконвенционални средини каде што во суштина се одвива „општественото живеење“ на современиот човек.
